| четврток, 6 декември 2018 |

Собраниска седница за распуштање на Парламентот на 7 април, избори на 5 јуни

собрание

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски за во 23 часот ја закажа 95­тата седница на Собранието на чиј дневен ред е одлуката за изменување на одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија.

Оваа одлука е предложена од пратениците од ДУИ и ДПА, а за иницијативата свој потпис ставила и пратеничката Лилјана Поповска. Со одлуката се предвидува менување на членот 2 од веќе донесената одлука Парламентот да се распушти на 24 февруари и се бара тој датум да биде 7 април оваа година.

Доколку се земе предвид дека Парламентот се распушта 60 дена пред одржување на изборите, предвремените парламентарни избори треба да се одржат на 5 јуни. Собраниските служби информираат дека вечерва министрите и дополнителните заменици министри од СДСМ лично ги повлекле условените оставки што денеска ги поднесоа до Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top