Со помош на поединечни особини кои ги имаме врз основа на својот хороскопски знак, а можат да бидат поврзани со однесувањето, обидете се да откриете нешто повеќе за неговите чувства спрема вас. Без разлика дали верувате во тоа или не се надеваме дека ќе ви биде интересно да прочитате.
Овен– лесно избувнува и е нетрпелив, но кога е во ваше друштво оваа особина исчезнува. Тој во вас пронаоѓа утеха, па затоа кога му треба мир и спокојство ве бара вас.
Бик – среќен е кога поминува време со вас и тоа ви го покажува со дела. Веднаш ви одговара на секоја порака која ќе му ја испратите и со задоволство ќе ја помине најголемата гужва само да ве гушне.
Близнаци – во него се прекршуваат спротивности и често ја крие вистината од вас, но секогаш ќе се потруди да ве развесели и насмее, особено ако знае дека сте имале стресен ден и се чувствувате лошо.
Рак – тој е лојален и грижлив и секогаш покажува колку му значите па затоа не е тешко да почувствувате дали ве сака или не.
Лав – амбициозен е и има голема самодоверба, кај него нема да морате да барате знаци дека е вљубен бидејќи тој директно ќе ви го каже тоа.
Девица – доверлив аналитичар, не е директен како лавот, но секогаш знае не вистински начин да ја прикаже својата приврзаност и своите чувства.
Терезија – идеалистичен и оптимистичен, го сака својот спокој и ако види дека во светот не гледате светлина, ќе се обиде во вашиот живот да внесе позитивна енергија.
Скорпија – бескрајно страстен, сека кога ве гледа дека сте насмеана и среќна, ќе направи да заборавите на своите проблеми.
Стрелец – независен авантурист кој својата поврзаност ќе ја покаже преку материјални работи, оние кои ги купил или пак ги изработил додека мислел на вас.
Јарец – често недоверлив и сомничав, но во момент кога ќе стекне доверба во вас полека ќе ви се отвори и ќе ви ја покаже својата верност.
Водолија – природен шармер кој своите чувства секогаш ги искажува со зборови, а не дела. Кога ќе ве забележи веднаш ќе ви раскаже се за себе за да можете подобро да го запознаете.
Риби – чувствителен, верен и лојален. Неговите чувства не се лесни за дешифрирање, но кога ќе се вљуби станувате предмет на неговата страст и постојано мисли на вас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.