| четврток, 6 декември 2018 |

До Собранието доставени оставките на министрите и замениците од СДСМ

собрание

Претседателот на Владата за организирање на предвремените парламентарни избори Емил Димитриев попладнево до Собранието на Република Македонија ги достави оставките на министрите и замениците министри предложени од СДСМ во техничката Влада.

Доставени се оставките на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на министерот за труд и социјална политика Фросина Ташевска ­ Ременски и на дополнителните заменици министри за финансии Кире Наумов, за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски.

Спасовски, Ташевска ­ Ременски, Наумов, Николовски и Кирацовски денеска до премиерот доставија условени оставки во кои бараат тие да бидат констатирани доколку остане во сила одлуката за распуштање на Собранието. Според оваа одлука, Парламентот треба да се распушти на полноќ. Во тек се разговори меѓу политичките партии за можно одложување на оваа одлука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top