| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдена пластика во „марс“ и во „сникерс“ – чоколадите повлечени од продажба

Производителот на чоколада „марс“ доброволно повлекува дел од својата понуда од германските продавници, откако во некои негови производи била пронајдена пластика.

Компанијата ги повлекува чоколадите „марс“, „сникерс“, „милки веј“, „веј минис“ и „миниатури“, чијшто рок на употреба е 19 јуни 2016 година и 8 јануари 2017 година.

Фирмата „Марс чоколада“ во својата фабрика во Фирсен произведува околу 10 милиони производи дневно.

„Марс чоколада“ спроведува доброволно повлекување на чоколадни производи откако во некои од нив беше пронајдена пластика“, се вели во изјавата на компанијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top