| четврток, 6 декември 2018 |

Ројтерс го „умре“ Џорџ Сорос

Светската новинаска агенција „Томсон Ројтерс“ околу 24 часот по скопско време предизвика вистински хаос, а потоа и потсмев во светот со обајување на веста дека починал берзантскиот шпекулант и филантропист Џорџ Сорос.

Во текстот на Ројтерс се гледа дека станува збор за однапред подготвен текст (за кога навистина ќе умре Сорос), кој е објавен по грешка. Датумот на смрта, како и местото каде „починал“ Сорос е означено со ХХХ. Дали за ова се крие некое очекување на Ројтерс? – шпекулираа доста форумџии на Интерент.

Интересно е што страницата за Сорос, стоеше на сајтот на Ројтерс се до 1 часот утринава, по скопско време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top