Во последните години, предрасудите дека врските помеѓу постарите жени и помлади мажи се осудени на пропаст, се сведоа токму на обични предрасуди.
Денес жените се самостојни, еманципирани, самоуверени и свесни за своите желби и цели. Токму поради тоа, тие знаат дека помладите мажи може да им исполнат сѐ што посакуваат.
Посакувана разлика во годините не постои, туку станува збир за индивидуална работа и за тоа дали двајцата меѓусебно си одговараат како партнери или не.
Сепак, многумина и денес имаат предрасуди кон ваквите врски поради тоа што сметаат дека мажот ќе ја напушти постарата жена штом ќе „налета“ некоја помлада.
Меѓутоа, последните истражувања покажаа дека причина за распаѓањето на таквите врски речиси никогаш не е помлада жена.
Освен тоа, животниот век на таквите врски во просек е 15 години, а голем дел од нив траат и до крајот на животот.
Докажано е дека мажите се во врски со постарите жени поради тоа што исклучително им е привлечна нивната самоувереност и нивната самодоверба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.