| четврток, 6 декември 2018 |

Загина работник во Струмица

Вчера околу 13.00 часот во Струмица во објект на ул. „Гоце Делчев“, П.П. (64) од Струмица, кој бил ангажиран за реновирање на кровна конструкција, од непознати причини паднал од кровот во висина од девет метри.

Со Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Струмица каде што од здобиените повреди во 15.45 часот починал.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител, увидна екипа од СВР-Струмица и трудов инспектор.

По наредба на обвинителот, над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top