Исидора вели дека полесно би поднела да се наоѓа во логор.

Писателката Исидора Бјелица решила да ги израдува своите обожаватели со кои поради болеста не можела да се дружи оваа година на промоцијата на книгата „Сама“ и да ги награди со вредни турмалини.
Турмалин е полускапоцен камен кој емитува инфрацрвени зраци, негативни јони и алфа-бранови, кои заедно поволно влијаат на човековото здравје. Ја подобрува циркулацијата, концентрацијата, ги релаксира нервите и мускулите, го приспособува метаболизмот и го зајакнува имунолошкиот систем.
Секој што во наредниот месец на нејзиниот налог на „Твитер“ ќе сподели фотографија на која е подвлечен за него омилениот цитат од книгата, а на маргините со ракопис ќе напише порака зошто токму таа реченица му се допаѓа, ќе биде во конкуренцијата да го понесе нејзиниот камен.
Исидора појасни дека нејзината здравствена состојба е влошена, дека резултатите на маркерите се лоши и дека докторите повеќе не се оптимисти кога е таа во прашање.

-Макотрпни се сите тие статистики и анализи. И кога ѝ спротивставувате на болеста и ќе има подобрување, докторите повторно ви даваат шест месеци живот. Тоа е агонија и мака со која живеам три години. Да ме затвореа во логор, верувам дека психички подобро би ја поднела таа состојба отколку ова што го преживувам. Сега се смирив, но не знам како може човек да го издржи сето ова психички, а да не полуди. Единствено понекогаш успевам да се одморам кога сонувам нешто убаво и кога во сонот немам рак – изјавила Бјелица за српски „Ало“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


