Собранието на Република Македонија во вечерашниот дел од работата по дневниот ред на 92та седница со 63 гласа „за“ и еден „воздржан“ го донесе дополнетиот Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции со кој се овозможува користење на екстракт од канабис за медицински потреби и истражувачки цели.
Пратенците едногласно и без расправа ги поддржаа и законите за изменување и дополнување на Законот за работното време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, на Законот за превоз во патниот сообраќај, и на Законот за скијалишта.
Со 61 глас „за“, 12 „воздржани“ и еден „против“ поддржана беше и Програмата за одбележување на јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во Република Македонија за 2016 година.
Седницата ќе продолжи утре во 12 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.