| четврток, 6 декември 2018 |

Италија: Деца сакаат да купат остров

Група деца од училишна возраст во Италија разбрале дека еден од островите во нивната земја ќе биде продаден на странски бизнисмен и решиле да ја земат работата во својата рака. Тие преку кампања сакаат да го купат островот.

Островот Будели е сместен меѓу Сардинија и Корзика и е понуден на продажба во 2013 година кога неговиот сопственик банктротирал.

Мајкл Харте, банкар од Нов Зеланд, го купил за три милиони евра со намера да го претвори во природен резерват, но локалните политичари вложиле жалба со образоложение дека островот треба да се врати под контрола на италијанската држава.

Откако ја прочитале приказната во медиумите, група деца сакаат тој остров да го претворат во „Остров на децата“.

Тие пресметале дека ако секое италијанско дете донира по 50 евроценти, ќе има доволни пари сами да го купат островот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top