Денеска Македонската православна црква го празнува светиот маченик Никифор. Во третиот век во Антиохија живееја двајца многу блиски пријатели, Саприкиј и Никифор. Но, еден ден тие толку се налутија еден на друг, што не сакаа очи да си видат. По некое време Никифор ја сфати бедата на лутината и побара прошка од Саприкиј, кој беше свештеник. Овој не сакаше ни да чуе. Сите молби остануваа попусти. Во тоа време, при едно гонење на христијаните, Саприкиј беше затворен и ставен на маки, зашто не се окажуваше од Христа. Најпосле го осудија и го поведоа кон губилиштето. По патот Никифор повторно со солзи го молеше да му прости, но на Саприкиј срцето му остана тврдо. Така и ја изгуби благодатта и на губилиштето се откажа од Христа, а Никифор, гледајќи го тоа, самиот побара и беше погубен наместо него.
Овој светец е заштитник на тие што простуваат и знаат да подадат рака. Денеска треба да им простите на сите што ви згрешиле, и светецот ќе ви помогне животот да ви биде исполнет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст