Почнаа градежните активности за чистење на одводната каналска мрежа во должина од четири километри надвор од урбаниот опфат во општина Вевчани.
Предмет на расчистување, како што информира градоначалникот Цветомир Угриноски, се три главни одводни канали, а предвидено е сечење на жбунови и вегетација, машински ископ на земја и чистење на постојните армирано бетонски пропусти.
– Со расчистувањето на главната одводона каналска мрежа ќе се овозможи нормално нејзино функционирање, ќе се подобри прифатливоста на водите од урбанта зона и површинските атмосферски води, а ќе се придонесе и кон поголема заштита на земоделските обработливи површини, изјави Угриноски.
Средствата за реализација на овој проект од околу 1,5 милиони денари се обезбедени од буџетот на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст