| четврток, 6 декември 2018 |

Што му порача внукот на Ченто на Ван Хауте?

Јане Ченто, правнукот на првиот претседател на Македонија и истакнат национален борец, Методија Андонов- Ченто, преку социјалните мрежи му одговори на белгискиот посредувач Питер Ван Хауте, кој утрово продлжи со навреди кон македонскиот народ и историјата.

tviter-vanhaute-1

-Го гледам Ван Хојте или Хауте како и да е, не знаел да го најде музејот на Македонската револуционера борба. Еве јас лично ќе го одведам, и не само во музејот на ВМРО, туку и во посета на споменикот на мојот прадедо Ченто, па потоа ќе го запознаам со делото на Чуповски, Шатев, Апостолски, Брашнаров, Делчев, Карев. Сите овие и многу други како нив, херои и историски гиганти се бореле за суверена и независна Македонија, за држава која самостојно и слободно ќе носи одлуки, затоа што оваа држава е на НАРОДОТ што живее во неа, за да не можат типови како Ван Хојте и други како него да управуваат со волјата на народот кој има своја држава, свој идентитет и своја слобода да одлучува. Помина времето кога типови како Темпо и Ван Хојте одлучуваат за македонските работи – напиша Јане Ченто на социјалните мрежи.

jane-cento-fb

Претходно, Белгиецот напиша дека планира да напише водичи за туристи и ќе почне со Скопје.

– Размислувајќи како турист, гладен за историја. Каде е Музејот на ВМРО, не е во мојот водич – ја објави Ван Хауте дрската порака со која успеа да го навреди не само партиското членство, туку си поигра со чувствата на севкупното македонско општество, историјата, и со наследството на македонскиот народ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top