| четврток, 6 декември 2018 |

Пандов: По изборите Заев го чека долгорочна затворска казна

Aleksandar Pandov (8) (Custom)

Пораз на изборите ќе значи дека опозицискиот лидер Зоран Заев ќе мора да се соочи со законот и да одговара за криминалот, смета политичкиот аналитичар Александар Пандов.

Според него, тоа е една од причините поради кои Заев бега од изборите и бара нивно одложување на недоглед.

„Тој човек е докажан криминалец, има доста криминални дејанија во изминатиов период, доста кривични пријави против него и се додека е претседател на СДСМ тој се чувствува комотно да се однесува онака како што се однесува. После изборите сигурен сум дека и во СДСМ има доволно демократски луѓе кои што ќе го натераат да се повлече од функцијата а во таква ситуација тој ќе мора да се соочи со сите кривични обвиненија кој го теретат и кои што му гарантираат долгорочна затворска казна“ – вели политичкиот аналитичар Александар Пандов за Прес 24.

Според Пандов, СДСМ само во услови на криза може да го заштити својот лидер од законот, а бидејќи во партијата се свесни како стои нивниот рејтинг меѓу граѓаните, прават се, изборите да не се одржат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top