
Опозицискиот колумнист Ивор Мицковски со статус на својот профил на „фејсбук“ даде гледиште за актуелната политичка ситуација, откако меѓународната заедница вчера соопшти дека условите за избори на 24 април не се исполнети.
„Је*ем ти држава во која странски фактор ти е опозиција, а опозиција дреме по кафани и чека друг да ѝ одработи“, напиша Мицковски.

Новинарот Васко Ефтов, пак, смета дека кога во една држава опозицијата е слаба, тогаш политичка опозиција станува меѓународната заедница.
„Тоа не е лошо. Во такви услови на 24 април, на 5 јуни или кога и да бидат изборите – вие како гласачи ќе гласате референдумски: Дали се согласувате со политиката на меѓународната заедница во однос на Македонија!? Како ќе гласате е ваше право. Во каква држава сакате да живеете е, исто така, ваше право. Но, исто така, е ваше право на избори да кажете што мислите за лошата или добрата политика на Груевски, но и за лошата или добрата политика на амбасадорот Бејли како лидер на политичката опозиција: меѓународната заедница. Ова ќе биде еден фин политички вестерн. И да немате дилеми – македонскиот народ секогаш знае да дејствува мудро“, коментира Ефтов за политичката ситуација на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ивор Мицковски: Како го преполовивте загадувањето на зборови, просто неверојатно!
-
Ивор Мицковски: Убаво се поклопи Денот против насилство врз жената, со партиското насилство врз жена која сакала да воведе ред во една институција
-
Мицковски: Првичната цена 400, сега 600 милиони и ти вика дека заштедиле 100
-
Ивор Мицковски до Зекири: Не продавај пуфки! Пола Влада и коалиција ви се криминалци


