Познато ни е дека чоколадото е добро по здравјето. Канадските нучници потврдија дека по триесет грама чоколадо дневно во текот на бременоста придонесува за развој на плодот.
Чоколадото е богато со флавоноиди кои го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести и го намалуваат нивото на холестерол во крвта. Колку чоколадата е потемна, толку има повеќе флавоноиди.
Чоколадото ја намалува и опасноста од преекламсија, односно намален доток на крвта до плодот, поради високиот притисок на мајката.Заклучокот од истражувањето упатува на тоа дека чоколадата можеби има и позитивно влијание врз плацентата, како и на растот и развојот на плодот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.