| четврток, 6 декември 2018 |

Фејсбук апликација – рецензија за мажи

luluАлександра Чонг сакала да им помогне на жените и на нивните љубовни животи така што ќе им овозможи да ги оценат мажите. Ја создала Лулу, апликацијата која што им овозможува на корисничките пребарување во базата на податоци што содржи рецензии за мажите.

Корисничките се упатуваат да се пријават преку „Фејсбук“ за да се осигура дека овој виртуелен простор е наменет само за „дами“. Жените што ќе се пријават во апликацијата можат потоа да ги оценат своите машки „Фејсбук“ пријатели.

Оваа апликација исто така им овозможува на жените да видат како останатите кориснички веќе ги оцениле нивните пријатели. Сите рецензии за мажите се анонимни, а корисничките мораат да се определат помеѓу понудените оцени.

Компанијата што стои зад оваа апликација го опишува својот производ како „апликација на паметните девојки за приватни препораки и рецензија на мажите“.

Сепак паѓа во очи тоа што апликацијата е насочена кон машките атрибути како што се богатството, моќта, сексуалноста и слично.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top