Малопродажната цена на бензините се намалува за три денари, а цената на дизелот останува непроменета.
Според Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цената на Еуросупер БС – 95 ќе изнесува 55,00 денари за литар, додека малопродажната цена на Еуросупер БС 98 ќе изнесува 57,00 денари за литар. Еуродизелот и во наредните 14 дена ќе се продава по 41 денар за литар, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар и ќе изнесува 30,00 ден/литар, додека на мазутот 14,673 денари за килограм.
Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 31,548 долари, а курсот на денарот 54,9 денари.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот 14-дневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 11,55 или за 44,95 $/тон, кај дизелот намалување во просек за околу 2,73 % или 7,55 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 4,21 проценти или за околу 5,94 $/тон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст