| четврток, 6 декември 2018 |

Најсмешните нешта што жените ги изговориле за време на породување

Редит ги прашал докторите и сестрите да ги споделат своите искуства со мајките што се породувале и зборувале смешни нешта или врескале додека траел процесот.

mkd-146215

Од 3 илјади смешни коментари, еве ги најинтересните.

„Кога се раѓаше брат ми, мораа да го влечат со акушерски клешти. Кога мајка ми го видела инструментов, почнала да вика: Виљушки! Нема шанси во мене да ставате кујнски прибор“.

„Породувањето на мојата мајка траеше кратко. Од почеток па до моето раѓање поминал сè на сè еден час. Тоа значи дека таа ги почувствувала и најсилните и најслабите болки без многу приспособување. Кога мојот татко ја возел мајка ми на породување, застанал да стави бензин. Баш во тој момент се појавил човек во инвалидска количка, кој го замолил татко ми да му купи цигари, зашто влезот во продавницата не бил приспособен за количката. Мојата мајка излегла од прозорецот од автомобилот и викала: Не му помагај на сакатиот!“

„Кога мајка ми го виде брат ми, на кого веднаш по раѓањето главата и лицето му беа деформирани од породувањето, рече: Не. Вратете го назад“.

51147_porodjaj-foto-shutterstock02

„Пациентката беше сосема подготвена за породување, но наеднаш се премисли и рече: Не го сакам ова, си одам дома. А потоа се обиде да слезе од боксот“.

„Додека мојата жена се породуваше, стана и со демонски глас ми рече: ‘Донеси поубави коцки мраз.’ Не знам што им фалеше, но истрчав и донесов полна чаша со нови коцки мраз“.

„Тогаш бев на силни лекарства и искрено сум благодарна поради тоа, а меѓу контракциите ми се јадеа ребренца и скара. И го молев маж ми со зборовите: Ајде, душо, сестрите никогаш нема да дознаат. А тие стоеја на метар и пол до нас“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top