Последната недела од најљубовниот месец ќе биде исполнета со позитивни и негативни емоции во секторот на љубовта.
Овен
Како што станува збор за љубовта, во текот на оваа недела, вие, родените во знакот на Овен, ќе се радувате на успеси. Сè што планирате, ќе се случува онака како што сакате. И покрај динамиката во вашата работа, одвојте време да се погрижиме за себе. Оваа недела ќе сте неодоливи за спротивниот пол. Ако имате поубава половина до себе, за време на викендите посветете се целосно на неа.
Бик
Ако во текот на последните неколку дена сте имале било какви загриженост или проблеми поврзани со љубовниот живот, тие се неосновани. Универзумот ќе ви ја покаже својата силна поддршка. Престанете да се грижите, бидејќи енергијата на стравот и вознемиреноста, само го забавува евентуалното појавување на вашите желби. Мислете позитивно и не заборавајте да ги споделите вашите желби и намери со партнерот.
Близнаци
Осамените претставници на зодијачкиот знак ќе треба да покажат уште малку трпение. Вашите желби ќе почнат да се остваруваат многу наскоро. Бидете оптимисти, следете ги знаците на судбината, кои таа ви ги дава за љубовта и најмногу бидете отворени за нови контакти. За оние од вас кои се наоѓаат во врска, неделава ќе биде исполнета со пријатни емоции за вас и партнерот.
Рак
Плановите во љубовта кои сте си ги поставиле, најверојатно нема да се случат на оној начин, на кој сте го посакувале. Фокусирајте се на алтернативна можност, ако има таква. Бидете активни, социјални и привлечете нови можности за љубов кон себе. За оние од вас кои се наоѓаат во врска, е добро да бидат трпеливи кон партнерот.
Лав
Неделата е погодна за создавање на нови познанства. Ова ќе ви даде многу можности во љубовта, ако барате нов партнер. На оние од вас кои се наоѓаат во сериозна врска, им претстојат денови исполнети со многу романтика и страст.
Девица
Ѕвездената карта покажува дека оваа недела е подобро да внимавате во комуникацијата во секторот на љубовта. Ако ви треба партнерот, барајте ја неговата / нејзина поддршка, споделете ги вашите желби и потреби. Во спротивно ќе остане неразбран. Во ситуации на спор можат да се појават голем број недоразбирања. Добрата комуникација ќе ви помогне да продолжите напред и во хармонија.
Вага
Има одговори поврзани со љубовта, кои сакате да ги добиете сега, а тие се задржуваат и тоа ве напрегнува. Не грижете се! Она што сакате да го дознаете, ќе се појави во времето и нема да мора да го чекате долго. Врзаните Ваги е добро да обрнат повеќе внимание на партнерот и да му ја дадат својата поддршка.
Шкорпија
Врска, за која сонувавте е на пат да се случи. Романтиката која сте ја очекувале е на пат да се случи. Како и сите партнерства, може да имате подеми и падови, но не дозволувајте тоа да ве одврати или загрози довербата кон партнерот.
Несогласувањата ќе исчезнат и довербата меѓу вас ќе станува поголема. Ѕвездената карта покажува пораст во движењето кон ново ниво на посветеност и интимност. Ова може да вклучува брак, создавање на нова врска, заеднички соживот или друг вид ангажман.
Стрелец
Сè што ви е потребно во текот на оваа недела е верата. Може да го имате она што го посакувате, но треба да верувате во љубовта. Отстранете ги сите негативни мисли и емоции. Верувајте во своите соништа и оддадете се на саканата. Само така ќе се откриете еден со друг.
Јарец
Во последните денови некои од претставниците на зодијачкиот знак, кои имале конфликти со партнерот, ако се уште не ги испеглале, добро е тоа да го направат сега. Разрешувањето на комплексните ситуации ќе ви даде многу одговори. Неделата може да се развие во поволна насока и со повеќе романтика, само ако го надминете его.
Водолија
Интересна ќе биде седмицата за родените во знакот на Водолија. Од една страна ќе имате конфликтни ситуации, кои ќе минуваат брзо, од друга – многу страст и желба за интимност. Уживањето на убавите емоции.
Риби
Ѕвездената карта покажува дека сега е моментот да ги направите саканите промени во секторот на љубовта. Ќе биде како некоја трансформација, која може да ве раздели со несоодветен партнер или да ве сретне со некого кој сте сакале да го имате до себе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.