| четврток, 6 декември 2018 |

Кај Идомени чекаат околу 2.000 бегалци

­Refugees and migrants wait permission to enter the registration and transit camp after crossing border between Greece and Macedonia, near Gevegelija, The Former Yugoslav Republic of Macedonia, 21 November 2015. Macedonia, Serbia and Croatia have started restricting access to migrants on the Balkan route to Syrians, Iraqis and Afghans. It is a part of a joint effort to reduce the number of asylum seekers streaming into the European Union.

Во тампон зоната на границата меѓу Грција и Македонија во Идомени има застој во протокот на бегалци, по одлуката на Македонија да не дозволи влез на авганистански државјани и да воведе построги услови за влез на Сиријците и Ирачаните, кои имаат валидни документи за пристап во земјата, јави грчката државна агенција АНА­МПА.

Според најновите податоци на грчката полиција, повеќе од 2.000 бегалци во моментов чекаат во кампот во Идомени, додека 62 автобуси со околу 3.000 лица се паркирани во близина на една бензинска станица на 20 километри од границата и чекаат сигнал од полицијата да го продолжат своето патување. ­ -Очекувавме дека во одреден момент Македонија нема да дозволи влез на Авганистанците, но верувавме дека ќе има предупредување- изјавил за агенцијата Антонис Ригас, претставник на „Лекари без граници“ во Идомени.

Ирачаните и сириските државјани кои чекаат да ја преминат границата и да влезат во Македонија за да го продолжат нивното патување до Западна Европа мораат, покрај официјален документ, да имаат и пасош или лична карта. Голем број бегалци ги загубиле своите пасоши или личните карти во нивното долго патување до грчкиот брег и во согласност со новите правила не им е дозволено да ја преминат границата, јавува АНА­МПА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top