Едно лице го загуби животот во сообраќајната несреќа што се случила утрово околу три часот на улица „Александар Илиески-Кусиот“ во Прилеп. Животот го загубил 39-годишниот прилепчанец Рубинчо Димоски.
Според јавниот обвинител Мријана Илиеска, автомобилот марка „фолксваген поло“ од засега непознати причини удрил во метална конструкција за тутун. Совозачот во автомобилот, Рубинчо Димоски, од ударот добил расекотини на вратот и искрвавил. Починал на пат до градската болница во Прилеп. Возачот не бил повреден.
Јавниот обвинител нареди обдукција за да се утврдат причините за смртта на 39-годишниот Димоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст