Демолирани автобуси, крвави траги, стакла на коловозот сведочат за масовната тепачка која се случи денеска во близина на превојот „Стража“, кај месноста „Цретковски мост“. Група на навивачи од Тетово познати како „балисти“ со десет автобуси патувала кон Кичево, бидејќи ФК „Шкендија“ денес таму го игра својот првенствен натпревар против „Хоризонт Турново“. По патот, кај месноста викана „Цретковски мост“, која се наоѓа во близина на „Стража“, забележале два паркирани автобуса со црногорски регистарски таблички. Во автобусите патувале црногорски државјани, најверојатно членови на навивачката група „варвари“, поддржувачи на ракометниот клуб „Будуќност“ кој денеска настапува во Скопје.
Од МВР информираат дека потоа навивачите на ФК „Шкендија“ започнале со тврди предмети да фрлаат по црногорските автобуси, по што дошло и до меѓусебна пресметка меѓу двата табора. Епилогот од тепачката е десетина повредени од кои двајца со посериозни повреди, оштетени автобуси и скршени стакла. Полесно повредените од тепачката се пренесени во болница во Гостивар, а двајцата со потешки повреди се префрлени на Ургентен центар во Скопје. Засега нема информации за карактерот на повредите, а истрагата и натаму е во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре