| четврток, 6 декември 2018 |

Вистини и заблуди за сексот: Фамозната Ге- точка не постои!

За сексот постојат мнгу митови кои се пренесуваат со генерации. Од тоа дека жена треба да ги држи нозете нагоре по сексот ако сака да затрудни, до тоа дека зачнувањето може да се спречи со миење на вагината веднаш по сексот.

Но, меѓу митовите има и точни. Па следи листа која може да реши многу недоумици.

seks

ДА! Забременување е можни и во ек на менструација

Приказната за патувањето на сперматозоидите низ јајцеводите го опфаќа и митот дека жената престанува да биде плодна неколку дена пред менструација. Сепак, постои шанса за оплодување на јајцеклетката.

НЕ! Нема опасност од инфаркт

Сексот може да ги зголеми ризиците за срцев удар, но само кај срцево болните, кај здравите не. Но научниците се оградуваат околу еден детал. Можно е човек во прељуба пресилно да се возбуди и тоа да биде „тригерот“ за проблеми со срцето.

ДА! Одморете се ако сакате бебе

Некои нови анализи велат дека лежењето е погодно за зачнување, особено ако жената остане во таа поза 15 минути по ејакулацијата. Тоа ја зголемува можноста дури за 50 проценти. Се додава дека користи ако се стави и перница под задникот.

НЕ! Главоболката не е изговор за „не“

Колку и да ве боли глава не одбивајте секс. Кај жените оргазмот може да помогне да мине главоболката, бидејќи сексот го активира ендорфинот, природниот аналгетик

НЕ! Сексот не го менува вежбањето

Секојдневен секс да, но не како замена за 30-минутна прошетка- не. Ретко кој секс трае 30 минути, а и новите анализи велат дека просечен секс е еднаков на шест минути вежбање и троши 21 калорија.

НЕ! Сексот не предизвикува предвремено породување

Спрерматозоидите содржат хормони кои навистина може да го омекнат цервиксот и да поттикнат контракции, но само на два до три дена пред породувањето. Сексот во второто или третото тримесечје може да предизвикаат контеракции кои траат 20 до 30 секунди.

НЕ! За жал, фамозната Ге-точка не постои

За тоа се водат дебати но сите докази велат дека Ге-точката е мит. Поточно, местото кое мажите го сметаат за Точката- горниот внатрешен ѕид на вагината секако е чувствително место.

НЕ! Немаат само мажите „влажни сништа“

Кај мажите „Влажни сништа“ значат буквално тоа- бидејќи ејакулираат при оргазам, но тоа не значи дека жените не може истото да го доживеат. Но, се смета дека на жените оргазмот во сон поретко им се случува бидејќи имаат 10 пати помалку тестотерон кој поттикнува сексуална желба.

ДА! Паровите во врска имаат секс еднаш неделно

Статистиката покажува дека паровите во постојани врски во просек имаат 56 односи годишно- значи околу еднаш неделно. Накратко, ако сте поминале во фаза во која ви е пријатно да седите во пижами пред ТВ, се е ОК.

НЕ! „Вистинскиот“ не е секогаш подготвен

Ги повикуваме дамите да не наметнуваат темпо кое може да го преоптовари секој нормален маж. Анализите велат дека скоро половина од мажите меѓу 40 и 70 години имаат некој вид проблеми со ерекцијата.

НЕ! Стапалата не се знак за голем „алат“

Само надевајте се и меркајте. Научниците велат дека големината на пенисот и онака е очевидна само при возбуда, кога мажот е трезен, нема хронични болести и не е на лекови кои може да влијаат на циркулацијата и на сексуалното здравје.

Може да се шегувате со тоа, но не давајте предност на мажите кои носат 46, бидејќи тоа нема да ве усреќи со сигурност.

НЕ! Плакнење на вагината не спречува забременување

Може да се смееме и ан теоријата на жените кои сакајќи да избегнат забременување , по односот ја плакнат вагината. Тој мит е оддамна, но нема никаква практична употреба.

НЕ! Ниту кога долго сте без секс, ништо не се опуштило

Жените кои долго се без партнер и можеби со години немале односи не мора да стравуваат дека доле се „опуштиле“. На „дефекти“ на вагината најмногу влијаат наследни фактори, квалитетот на сврзното и мускулното ткиво, бројот и начинот на раѓања, како и стилот на живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top