Годините се само бројка а кај овие дами тоа не е само изрека. Неодамна изјавата на Неда Украден дека млади момци се обидувале да ја освојат бидејќи е убава и популарна, а и дека годините се небитни кога љубовта е во прашање, го запали Балканот. Но не е Неда единствена „Секси баба“, и во регионот и во светот.
Неда Украден
Позната како „најсекси баба од Балканот“. Има прекрасна кариера, а со своите 65 години изгледа прекрасно. Има животна енергија, голема кариера и среќна приватна состојба. Неда е жив доказ дека годините никого не треба да го загрижуваат.
Лепа Брена
Уште не е во улога на баба, но и кога тоа би се случило тоа не би ја сменило, Оваа дама лани прослави 55 години, а изгледа се подобро. Освен синовите, за тоа најзаслужен е сошругот Боба Живоиновиќ со кого во среќа живее 25 години.
Шерон Стоун
Оваа убавица за неколку дена ќе наполни 58 години. Фаталната плавуша се прослави со улога во еротскиот трилер „Ниски страсти“ во кој оставаше без здив. А така е и денеска, Шерон како да не старее.
Тина Тарнер
Легендарната Тина има дури 76 години, а е жена со неуништлива енергија. Изгледа и се однесува како да има 26 години. Кариерата ја почна 1958 година, а во животот забележа големи успеси, но и падови. Се тоа Тина знаеше да го поднесе. До ден денеска изгледа совршено.
Софија Лорен
Апсолутна кралица на сексапилот и убавината, една и единствена Софија лорен. Има 81 година, а се уште е лек за очите. Неодамна ја сними кампањата за Долче и габана. Кој друг би можел да сними едиторијал за убавина во тие години? Само Софија!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.