Српската пејачка Јелена Карлеуша поднесе тужба против режисерот на филмот за Еми Вајнхаус, бидејќи во документарецот употребил сцени од нејзин концерт.
Таа најави дека следната недела ќе замине во Лондон, каде ќе се одвива процесот против Асиф Кападија, кој што без знаење на балканската ѕвезда во филмот „Девојката зад името“ искористил сцени снимени од нејзин концерт, а потоа ги вметнал во филмот.
-Се решив да одам до крај со случајот во Лондон, следниве денови ќе заминам да го ополномоштам адвокатот- посочи Карлеуша за медиумите.
Инаку филмот освои награда за најдобар документарен филм БАФТА од британската академија, а е во конкуренција за скорешните Оскари. Дали наградите се поттик за Карлеуша да тужи и со тоа да ја зголеми својата популарност, па и финансиско конто, за сега нема коментар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да е до мене, би живееле во еден голем гардеробер – Карлеуша се пофали со подарокот од сопругот
-
Додека Душко кулира: ЈК менува костуми за капење и е се погола!
-
Полни 40 години: Главниот подарок веќе го објави (ФОТО)
-
Ме убиваше да ги гледам мајка ми, тетка ми и баба ми како се мачат: Карлеуша прв пат проговори за тешкото детство