| четврток, 6 декември 2018 |

Штербик ќе стисне заби и ќе им помогне на другарите

Можеби најдобриот поединец на РК Вардар, голманот Арпад Штербик, и покрај хроничната повреда на тетивата оваа сезона, ќе стисне заби и денеска ќе биде во составот против Кристијанштад во рамките од 12. коло во ракометната Лига на шампионите.

Составот на „црвено-црните“: Штербик, Милиќ, Ангелов, Абутовиќ, Брумен, Циндриќ, Дибиров, Душебаев, Горбок, Лазаров, Манасков, Македа, Марсениќ, Шишкарев, Стоилов, Тоскиќ.

За шведскиот тим најавен е следниот состав: Ларсон, Симиќ, Бјорнсен, Космо, Далин, Ериксен, Гудмундсон, Ханиш, Џамали, Јепсон, Лагрегрен, Л. Ларсон, Линдског, О’Саливен, Петерсон, Толбрин.

Натпреварот Вардар-Кристијанштад започнува во 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top