Нов, најсовремен апарат, вреден 110.000 евра, кој ќе ги минимизира инвазивните интервенции на белите дробови, доби Клиниката за торакална хирургија.
Како што рече денеска министерот за здравство Никола Тодоров по посетата на Клиниката, апаратот ќе го замени постоечкиот, стар 20 години, и ќе овозможи правење мали резови, како и брзо заздравување на пациентите.
За почеток, нагласи Тодоров, со апаратот ќе работат двајца хирурзи, а предвидени се по три зафати неделно. Но, оваа бројка постепено ќе се зголемува.
– Со набавката на неколку апарати во континуитет, Торакалната клиника достигна сериозно повисоко ниво на квалитет. Имаме одличен, добро едуциран и мотивиран кадар, а буџетот е во пораст и овозможува нормално функционирање на оваа здравствена установа, изјави Тодоров.
Според директорот на Клиниката д-р Зоран Спировски, новиот апарат ќе третира главно бенигни тумори на белите дробови, ехинококови цисти, пнеумоторкас предизвикан од прскање на белиот дроб, гнојни воспаленија,…, а ќе се користи и за малигни заболувања откриени во порана фаза.
– Се работи за последен збор на медицинската техника, за минимум инвазивна хирургија на градниот кош. Апаратот е со извонредна оптика, а бенефитот е што со помали интервенции ќе се прават сите процедури што досега се правеа со отворање на градниот кош. Тоа ќе го намали бројот на денови на лежење во болница, потрошувачката на антибиотици и на други материјали, истакна Спировски.
Директорот очекува, за кратко време, се она што е вложено во апаратот, да се надомести. Како што нагласи, сите лекари од Торакална хирургија ќе имаат можност да работат со новиот апарат, откако претходно ќе се обучат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


