| четврток, 6 декември 2018 |

Фатен познат скопски крадец со над 30 кривични пријави

СВР-Скопје, поднесе кривична пријава против А.З.(36) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело ,разбојништво, за што од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка  притвор во траење од 8 (осум) дена.

Пријавениот разбојништвото го извршил на 08.02.2016 година околу 20.00 часот на булевар „Крсте Мисирков“ поточно на автобуската постојка наспроти МАНУ, на тој начин што кога стигнал до местото на настанот, од зад грб му пришол на оштетениот, го фатил за капуљачата од јакната, со употреба на физичка сила го повлекол наназад и со сериозна закана дека ќе посегне по неговиот живот му побарал пари. Откако оштетениот одбил да му даде пари, пријавениот со тупаница го удрил во пределот на главата, му извршил личен претрес и од џебот од тренерките му го одзел мобилниот телефон, а потоа ја протнал раката во внатрешниот џеб од јакната каде пронашол и одзел 370 денари, по што му ги соблекол патиките и јакната, ги одзел истите и со трчање го напуштил местото на настанот.

По превземените мерки и активности од страна на полициски службеници утврден е идентитетот и адресата на пријавениот, и по него беше распишана локалена потрага.

На 09.02.2016 година од страна на полициски службеници од ЕПОИ – Алфа истиот е пронајден и лишен од слобода во ПС ОН „Центар“ каде е извршен службен разговор. Со потврда за одземени предмети од А.З. одземени се украдените предмети  и со потврда вратени на оштетениот.

Инаку пријавениот е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти за што од страна на СВР Скопје во временскиот период од 1995 до 2002 година поднесени му се 31 кривична  пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top