Вчера наутро во 06,30 часот во близина на тунелите кај Демир Капија на автопатот Гевгелија-Скопје, од страна на полициски службеници од ПС-Неготино, при даден знак на возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(21) од с.Драчевица, скопско, истиот продолжил со движење. Во близина на „Прждевски лаки“ неколку километри после тунелите, го запрел возилото и се дал во бегство.
Во возилото биле затекнати девет лица-мигранти од кои три лица државјани на Еритреа, а шест лица државјани на Пакистан.
Од страна на полициски службеници, Н.Р. е пронајден и приведен во ПС-Неготино и против истиот е поднесена кривична пријава за што од страна на судија за претходна постапка му е изречена мерка притвор во траење од 8 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст