Педесетгодишната Американката Кетрин Киеу, го дрогирала својот сопруг ставајќи му во храната лекови кои го успивале. Откако му дала лекови го врзала за кревет и чекала да се разбуди. Будењето не било многу пријатно. Кетрин со кујнски нож му го отсекла половиот орган. Потоа го сомлела и во исто време викала „Ти тоа го заслужуваш”, што јасно се слушало на снимката која била приложена на судот.
Причината за ова нејзино однесување е љубомора и бес, поради разводот кој таа не можела да го поднесе затоа што нејзиниот сопруг се смирил со неговата поранешна сопруга.
Судењето за нејзината одмазда е во тек, а Кетрин пред судот изјавила дека не е виновна.
Нејзините адвокати тврдат дека за се е виновно трауматичното растење за време на војната во Виетнам, кое во неа предизвикало психичка нестабилност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.