| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Умберто Еко

Италијанскиот писател, филозоф и критичар Умберто Еко вчера почина на 84-годишна возраст.

Еко почина по долго боледување од рак, а семејството соопти дека починал мирно во својот дом во Италија.

Италијанскиот премиер Матео Ренци изјави дека Еко беше одличен пример за вистински европски интелектуалец, уникатна интелигенција со неуморна способност да ја предвиди иднината.

– Ова е огромна загуба за културата, на која ќе му недостига неговото пишување и неговиот глас, остри и јасни мисли и неговата хуманост – изјави Ренци локалните медиуми.

Најпознат по својот роман „Името на розата“, Еко беше постојан истражувач на природата на значењето. Тој е најдобро продаваниот романсиер и голема фигура во европската филозофија и академија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top