| четврток, 6 декември 2018 |

Кошарка: Купот добива нов освојувач

На завршниот турнир од кошаркарскиот куп на Македонија, кој се одржува во Гевгелија, денеска беа одиграни четвртфиналните натпревари.

МЗТ Скопје – Кожув и Карпош Соколи – Куманово се полуфиналните двојки во кошаркарскиот Куп на Македонија.

Во дебрито, Куманово го совлада ланскиот освојувач на Купот, тимот на Работнички, победувајќи го со 85-79. Во последното четврфинале домаќинот Кожув избори победа од 68-56 над Фени.

Претходно, МЗТ Скопје и Карпош Соколи обезбедија полуфинале без поголем напор. Фаворитите имаа лесна задача на двата воведни натпревари од четврфиналето. Прво МЗТ го совлада гевгелиски Бест со 89-58, а потоа Карпош Соколи ја надигра Струмица со 91-54.

Полуфиналните натпревари МЗТ-Кожув и Куманово-Карпош Соколи ќе се играат утре. Финалето е закажано за недела од 19.30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top