| четврток, 6 декември 2018 |

Ја убил сопругата бидејќи му сметала додека гледал тениски меч меѓу Ѓоковиќ и Мареј!

Моисеи Беиниашвили од Израел со неколку удари со чекан ја усмртил својата сопруга Малика бидејќи му сметала додека го гледал на телевизија годинешното финале на „Австралија опен“.

Беиниашвили (74) ја удрил со чеканот неколкупати во глава, а молбите за помош на несреќната жена ги чуле соседите кои веднаш реагирале.

Тој по овој грозоморен чин изјавил дека сопругата му пречела додека гледал тениски меч меѓу Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј кои играа во годинешното финале на „Австралија опен“.

– Барав да биде тивка, но таа едноставно не престануваше да зборува – изјави тој.

Малика по три дена почина во болница во Тел Авив.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top