| четврток, 6 декември 2018 |

Мажите не можат да им одолеат на овие три магични збора

Постојат три зборови кои можат да го возбудат секој маж, во секој момент.

slika

„Те сакам веднаш“ – ова се трите магични зборови кои секој маж е подготвен да ги слушне во секоја ситуација. Доколку ја изговорите таа реченица додека му ги откопчувате панталоните ќе се случи чудо. Но, ако ја изговорите на неочекувано место, на пример додека излегувате од кино – тој дефинитивно ќе полуди.

„Речениците кажани надвор од контекст, односно кога тој најмалку ги очекува, се вистински афродизијак за мажите“, тврди Стефен Џонсон, психотерапевт и директор на „Менс центар“ во Лос Анџелес.

d

„Кога мажот е еротски изненаден, неговиот мозок ослободува ендорфини и невротрансмитери кои ја зголемуваат трансмисијата на импулси, односно влијаат на расположението и поттикнуваат сексуална желба“ , додава Џонсон.

Уште една позитивна работа од оваа мала реченица е нејзината двосмисленост, што на мажите им остава простор за бујни фантазии, но трикот е во тоа реченицата стратешки да ја изговорите, во вистинскиот момент. Со тоа ќе ја нагласите вашата решителност  да му приредите вистинска забава.
61017185-saputanje-seks-zena-muskarac-uho
„Ако ова му го изговорите некаде каде нема шанси за интимни односи, на пример во автомобил каде не сте сами, тогаш реченицата е бесмислена“, вели Сенди Алисон, сексуална терапевтка, која додава дека мажите обожуваат доминантни девојки.

„Не е тоа само ваша должност кон него, ниту задоволување на неговите желби, туку таквата ситуација и вам може да ви донесе бројни задоволства. Кога жената ќе тргне во остварување на своите желби, тогаш добива чувство на сила и важност“, вели Алисон.

seks_549937S1

Таа додава дека секоја жена треба да знае дека мажите често се чувствуваат запоставени, а кога ќе им кажете „Те сакам веднаш“, тоа им е знак дека се посакувани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top