| четврток, 6 декември 2018 |

Доделени десет стипендии за средношколци

Неодамна почнатиот проект “Образованието е повеќе од просек 5.0”, веќе е во завршна фаза. Од вкупно 386 апликации, десет стипендисти ќе ги посетуваат програмите за едукација на “Џолев и уметностите” и на “Семос едукација”

Проектот беше наменет за сите средношколци кои во изминатата учебна година имале просек помал од 3.9. Неговата цел е да го подигне моралот и самодовербата кај учениците кои во одреден момент поседуваат помал просек. Мотивацијата е главниот постулат, преку кој се создаде платформа со која средношколците во иднина ќе можат да го продолжат личниот развој во областа на уметноста, дизајнот и информатиката, меѓутоа не заоставувајќи ја важноста на секој предмет во образованието.

Фотографија, цртање, вајарство, сликање, филм и филмски актер, моден дизајн, психологија, естетика, постпродукција на фотографија и стилски вежби за пишување се основните програми за кои аплицираа средношколците од програмата на “Џолев и уметностите”. Тешко беше да се одлучи, тешко да се расуди покрај мотивационите писма, преку нивните амбиции како генерација. Драго ми е поради тоа што побудивме интерес кај многу специфична група, која докажа дека секој ученик носи свои квалитети кои заслужуваат да бидат препознаени – изјави Крсто Златков од Џолев и уметностите.

Она што навистина не изненади, е дека средношколците веќе ја имаат создадено перцепцијата за себе и за нивната иднина, тоа го говори заинтересираноста за Microsoft Office, Adobe авторизирани и Autodesk авторизирани обуки кои ги обезбеди Семос едукација, за кои што по завршувањето на едукацијата се добиваат и меѓународно признаени сертификати. – додаде Валентина Тасева – директор на Семос едукација, поддржувач на проектот “Образованието е повеќе од просек 5.0”

Комисијата која беше задолжена за селекција на кандидатите за стипендии беше составена од: Валентина Тасева – директор на Семос едукација, Дејан Џолев – основач на Џолев и уметностите, Биљана Качаниклиќ Цаневски, маркетинг Семос едукација, Крсто Златков – директор на Џолев и уметностите и Дијана Василевска – раководител на оддел за крајни корисници во Семос едукација.

Доделени се 10 целосни стипендии во износ од 100.000 денари

 

 

Стипендисти на Џолев и уметностите се средношколци од :

 

СУГС „Панче Арсовски“ –  Скопје

ССОУ ,„Димитрија Чуповски” – Велес

СЕПУГС ,,Васил Антевски” – Дрен – Скопје

СОУ „Јосип Броз-Тито” – Битола

СУГС „Владо Тасевски” –  Скопје

 

Стипендисти на Семос:

СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ – Скопје (тројца стипендисти)

СОУ „Гимназија “Гоце Делчев” – Куманово

ДСУЛУД „Лазар Личеноски” – Скопје

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top