| четврток, 6 декември 2018 |

Јавно обвинителство: Се истражува случајот на починатата родилка, телото е на обдукција

Во текот на вчерашниот ден во општата болница „Борка Талески“ во Прилеп била примена пациентка, која во попладневните часови родила здраво дете. По повеќе часови по породувањето, односно денеска во 1.50 часот дваесетгодишната родилка починала. По констатирање на настанатата смрт, известен е надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп.

Обвинителот изврши увид, при што издаде наредба за обдукција на починатата родилка и за обезбедување доказен материјал.

Во насока на расветлување на настанот, во тек е преземање и на други дејства, се вели во соопштението на Јавното обвинителство на Македонија.

Повеќе детали за случајот од денешната прес-конференција тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top