Oд 24 до 28 февруари, во бистро „Бруклински“ ќе се одржи Бруклински џез-фест. На овој музички настан, единствен од ваков вид, ќе настапат реномираните македонски џез-музичари како што се Оливер Јосифовски со Џез-трио, џез-квинтетот Фирц, Шамба џез-трио, Караванија џез-квартет, Бојана Фабел џез-трио, Тони Китановски џез-квартет, џез-квартетот Некст ту сајченс и Марија џез-дуо.
Фестивалот ќе почне со џем-сешн в среда во 19 часот, а понатаму програмата ќе продолжи распределена во дневни и во вечерни музички џез-сесии. За сите што сакаат да уживаат во македонската џез-музика и во уникатноста на самиот настан, влезот е слободен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.