Целта на „Опел“ е со новата „мока“ да ја придобие наклонетоста на купувачите и на љубителите на автомобили во категоријата на кросовери од ниската класа.
Надворешноста е препознатлива по новата маска на ладилникот која е дизајнирана во облик на крилја, а со можноста како дополнителна опрема да се добијат ЛЕД-предни и задни светилки, моделот „мока“ визуелно предничи во класата во која природно припаѓа. Инженерите од „Опел“ предвидоа и две нови бои, килибарна портокалова и силна црвена, а конечниот изглед е дополнет со новите дневни ЛЕД-светилки, исто така во облик на двојни крилја.
Измените во внатрешноста вклучуваат контролна конзола во кокпитот, која е преземена од последната генерација на успешната „астра“, а на купувачите ќе им биде ставен на располагање и нов мултимедијален систем, кој се управува преку седум или осуминчен екран. Вкупната ергономија на кокпитот дополнително е подобрена со отстранување на неколку контролни копчиња, а извршување на функцијата е префрлена преку споменатиот екран.
„Опел“ за моделот „мока икс“ го подготви моторот на „астра“ со зафатнина од 1,4 литри, кој е бензински мотор со турбина и кој развива 152 коњски сили. Целата сила на моторот ќе се дистрибуира преку шестстепен автоматски менувач. Покрај турбобензинскиот мотор, во палетата влегува и исклучително тивкиот и приспособен дизелски агрегат со зафатнина од 1,6-литри, кој се нуди во две варијанти – со 110 и 136 коњски сили.
Еден од новитетите во новата „мока“ е системот „опел ај“ со предна камера со висока резолуција и со посилен процесор, а секако, во сериската опрема се вклучени и системите за помош на возачот.
По официјалната презентација на Саемот во Женева, продажбата на „мока икс“ се очекува да започне наесен. Основната верзија ќе чини околу 20.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст