| четврток, 6 декември 2018 |

Потврдено: Крадците го убиле кичевецот во неговиот дом

На 9 овој месец, околу 20 часот, притворените, при вршење кражба во куќа на улица „Јосиф Јосифоски – Свештарот“ во Кичево, биле затечени од страна на сопственикот, сега покоен Зулфиќар М.(77) од Кичево. Притворените, употребиле сила врз него со намера да ги задржат пронајдените 12.000 денари и најлонската кеса во која имало медалјони, синџирчиња и други метални предмети со жолта боја за кои мислеле дека се златни. Тие пронашле и одзеле пиштол, кој потоа го продале по цена од 200 евра.

По извршувањето на кривичното дело најлонската кеса ја сокриле кај Кошарани во Кичево, која подоцна е пронајдена при преглед, во присуство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево.

Реализацијата на ова кривично дело, доаѓа по само десетина дена по пријавувањето во полициската станица и по преземените засилени мерки за пронаоѓање на сторителите.

На деветти месецов околу 17 часот безживотното тело го пронашол синот на сега починатиот Зулфиќар М., кој при влегување забележал дека покуќнината е претурена во една од собите на приземјето го видел безживотното тело на татко му. Смртта ја константирал доктор од „Општа болница“ од Кичево, кој забележал видливи повреди во пределот на главата.

На местото на кривично правниот настан, извршен е криминалистичко-технички увид во присуство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, полициски старешини од СВР Охрид, вешти лица од одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи како и полициски службеници од полициската станица  Кичево.

Притоа, константирано е дека кривичното дело е извршено со насилно кршење на стакло од светларникот по што било извршено пребарување низ собите на приземјето и горниот кат. При извршувањето на делото, разбојниците го нападнале сега починатиот сопственик на куќата, известува портпаролот на СВР – Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top