Бројот на патници во градскиот и во меѓународниот превоз во четвртиот квратла од 2015 година бележи пораст, а во приградскиот и во меѓуградскиот превоз намалување.
Според обајвените податоци на Државниот завод за статистика, порастот кај градскиот превоз изнесува 1,8 отсто, во меѓународниот 2,7 отсто, а намалувањето во приградскиот превоз е 9 отсто и во меѓуградскиот 33,9 отсто.
Во однос на четвртиот квартал од 2014 година, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 4,5 отсто, во приградскиот за 30,4 отсто, во меѓуградскиот превоз за 46,2 отсто, додека во меѓународниот превоз е забележано намалувањето од 6,6 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.