Вчера околу 12.25 часот во Скопје, на ул. „Коце Металец“, непознат сторител извршил разбојништво над Б.Л., кој вршел такси превоз со возило „рено флуенс“ со скопски регистарски ознаки, при што му одзел 2.000 денари.
Сторителот седнал на задното седиште, побарал такси превоз до ул. „Коце Металец“. Во моментот кога пристигнале на наведената улица, сторителот му задал силен удар во задниот дел од главата и вратот, по што од десниот преден џеб од фармерките му ги одзел парите и побегнал во непознат правец.
ПС-Гази Баба презема мерки за пронаоѓање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст