Шест лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајната несреќа што се случи вчера попладне на регионалниот пат Тетово – Јажинце на мостот на Вратничка Река, а во која е причинета материјална штета од 100.000 денари. Ова денеска го истакна портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци, во несреќата учествувале три возила, „југо“ со тетовски регистарски таблици управувано од Љ.И.(40) од Рогачево, „мерцедес“ со косовски таблици што го управувал М.Љ. (40) од Косово и автобус „ман“ со гостиварски таблици управуван од Б.Х. (58) од Гостивар.
– Во несреќата сопатничката од „југото“ С.И. (33) од Рогачево се здобила со тешки телесни повреди – фрактура на карлична коска и по укажаната лекарска помош во Тетовската болница итно е пренесена на скопските клиники. Покрај тоа, со телесни повреди се здобиле и двајцата возачи на патничките возила и уште тројца сопатници од „мерцедесот“. Четворица од повредените се пуштени на домашно лекување додека една сопатничка од „мерцедесот“ задржана е за натамошна опсервација. По овластување на јавен обвинител извршен е увид и се утврдува причината и се друго поврзано со несреќата – рече Јосифовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст