| четврток, 6 декември 2018 |

Катица го отвора и случајот “Чоканче“

C222D2284B7A7E45A310CC661D1D1F9B

Специјалното Јавно Обвинителство предводено од Катица Јанева денес соопшти дека бара да го превземе случајот со сериски кражби на ракија во Тиквешкиот регион и ќе биде воден под името “ Чоканче“.

Како што извести обвинителката Фатиме Фетаи веќе се работи на овој случај, бидејќи постојат сериозни индиции дека се работи за алкохолно здружување кое освен што масовно ја краде производенета ракија на граѓаните, потоа ја злоупотребува за “масовно опивање на граѓаните пред избори“. Како резултат на тоа во пресрет на изборите гласовите на граѓаните потоа биле користени за формирање машки, женски и мешани хорови или гласна поддршка.

Дополнително ќе се покрене обвинение за нелегално поседување на акцизна стока која не е оданочена и за која ќе се бара акцизата да биде вкалкулирана во буџетот на Специјалното јавно обвинителство.

Како што потенцираше Фетаи овој случај е директно поврзан со случајот за сериска кражба на руска салата, туршија и сирење во Мрзенци која се случи непосредно пред изборите во 2014 година.

Ова според Фатиме Фетаи е директен доказ дека се работи за банда која освен ракија, на граѓаните им нудела и туршија како типичен пример за изборна корупција со цел гласовите на граѓаните да бидат силни и сигурни.

Специјалното обвинителство бара да се одреди мерка притвор за осомничените, кои во овој момент не се откриваат, но кои јавноста ќе ги дознае на прес конференција за скоро време откако обвинителството ќе ги прибави и обработи сите материјални, течни и кисели докази. На осомничените не смее да им се додели мерката домашен притвор бидејќи на тој начин како што брифираат од СЈО може да го повторат делото во домашна атмосфера преку организирање нелегални прослави и лажни родендени.

Случајот е поткрепен со факти и докази пред кои и меѓународната заедница не може да молчи и да остане рамнодушна, туку ќе мора да ги провери, а по проверката на ваквите докази никој не останал во молк.

Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top