| четврток, 6 декември 2018 |

Бегалци од Ирак се враќаат во татковината

Десетици Ирачани кои побарале азил во Европа се враќаат во татковината, јавуваат западни медиуми.

imigranti-vrakjanje

Портпарол на ирачкото МНР Ахмед Џамал изјави дека 103 мигранти се вратиле денеска во татковината. Голем број во рацете носеле „жолти пасоши“, документи издадени од ирачките Амбасади на лицата кои сакале да се вратат во татковината.

Од минатата година голем број Ирачани се вклучија во бранот мигранти кои се обидуваа да стигнат до Европа бегајќи од војната и сиромаштијата во Африка, Блискиот исток и јужна Азија.

Џамал прецизира дека сите луѓе кои се вратиле денеска се од Финска. Според него, се очекуваат нови групи мигранти да се вратат во Ирак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top