| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се возобновува Учителската школа во Скопје

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска како дел од многубројните нови проекти го најави и возобновувањето на Учителската школа во Скопје.
– Ова предвидува реизградба на зградата на некогашната педагошка образовна установа, а која целосно беше уништена за време на катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Планирано е да се опфати во програмата за инфрастурктурни инвестиции на МОН и Министерството за култура во 2017 година. Потоа ќе биде просторно решение за некоја од државните високообразовни установи, која во моментот нема свои простории, а младите ќе учат во технички напредни простории и во современи услови, а град Скопје ќе добие репрезентативен проект – нагласи тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top