| четврток, 6 декември 2018 |

„Лекари без граници“: Во Сирија лани убиени седум илјади лица

Во болниците и во здравствените установи во Сирија, кои се поддржани од „Лекари без граници“ лани биле регистрирани седум илјади убиени лица и 155 илјади ранети, се наведува во денеска објавениот извештај на оваа меѓународна невладина организација.

Во документот се посочува дека оваа бројка е мошне вознемирувачка, бидејќи 70 болници и центри, кои се редовно поддржани од „Лекари без граници“ се еден мал дел од медицинските установи во Сирија.

Меѓу 30 и 40 проценти од жртвите се жени и деца. Во извештајот се посочува дека 94 воздушни напади и ракетни напади се извршени врз 63 медицински структури во Сирија, поддржувани од „Лекари без граници“. Дванаесет од нив биле целосно разурнати, а 81 лице од персоналот се убиени или ранети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top