Висок претставник на Христијанско-социјална унија од Баварија, сестринска партија на ЦДУ на канцеларката Меркел бара итна депортација на 350.000 емигранти од Германија, јави дописникот на МИА од Берлин.
Министерот за финансии на Баварија, Маркус Содер, во интервју за весникот „Ди Велт“ повикува на координиран план за забрзано процесирање на апликациите за азил и протерување на тие што се одбиени.
– Најголем дел од емигрантите што немаат право на азил во Германија доаѓаат од балканските земји, пред сѐ од Албанија и од Косово и од Северна Африка. Потребен ни е договор меѓу федералните и регионални институции 350 илјади луѓе треба да бидат депортирани. Ова мора се прави постојано и брзо – вели баварскиот политичар.
Содер ги спори и објавените владини информации дека годинава Германија ќе прими само 500 илјади бегалци.
-На што се темелат овие прогнози за мене е непознато – вели чуварот на државната каса во најбогатата германска покраина, која е прва дестинација на бегалците што влегуваат во земјата. Неговата партија ЦСУ по примерот на Австрија која што го намали бројот на баратели на азил на дневна основа бара канцеларката Меркел да постави лимит од 200.000 бегалци годишно за цела Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти