| четврток, 6 декември 2018 |

Нема да се гради нова Универзална сала

Место изградба на нов објект за конгресниот центар „Александар Македонски“ на местото на Универзална сала, ќе се реконструира веќе постојниот објект.

133038127

Како што денеска изјавија градоначалниикот на Скопје, Коце Трајановски и министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, нема да се гради објектот, кој, според усвоениот проект, беше во форма на јајце, туку ќе се направи реконструкција и надградба на веќе постојниот објект, за што веќе било разговарано на седница на Влада.

univerzalna

– На ваков чекор се решиле, како што појасни, поради високата цена, 65 милиони евра, која била понудена од проектантската куќа. Реконструкцијата и надградбата на Универзалната сала ќе чинат 15 милиони евра, што е за четири пати поевтино од изградба на сосема нов објект – изјави Милевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top