| четврток, 6 декември 2018 |

Милан одбил неверојатна понуда од 60 милиони евра за Карлос Бака

karlos baka

Колумбискиот напаѓач од редовите на Милан, Карлос Бака, игра во одлична форма оваа сезона, а пред неколку денови раководството на „росонерите“ одбило понуда вредна 60 милиони евра за негова продажба. Неговиот агент, Серџо Барила, истакна дека останувањето на Бака во Милан не е сигурно, и се може да се очекува во летниот преоден рок. Иако не се открива клубот што ја понудил оваа сума, повеќе од јасно е дека станува збор за кинески клуб.

– Во фудбалот никогаш не се знае што ќе биде наредниот ден. Покрај клубови од Кина, за неговите услуги во текот на зимскиот преоден рок се распрашуваа и неколку европски гиганти. Не можам да гарантирам што ќе се случува во јуни – изјави Барила.

Бака дојде во Милан минатото лето од Севилја за 30 милиони евра, и прашање е дали Милан ќе сака толку брзо да се откаже од својот најдобар играч, кој досега на 25 натпревари постигна 13 погодоци. Тој еден од ретките кој ги оправдува очекувањата на фановите на „росонерите“ оваа сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top